За ИДСБ

Активности на Истражувачкото друштво на студенти биолози во периодот од 1995 до 2010 година


ИДСБ е невладина организација формирана по иницијатива на студентите биолози во 1994 година. Од тогаш до денес функционирање на друштвото се базира на организирање на научно-истражувачки акции во кои се вклучени студентите по биологија и други слични дисциплини.  ИДСБ има своја просторија на Институтот за биологија при ПМФ во Скопје, опремена со компјутер, печатач и друга канцелариска опрема, во која ќе се изведуваат најголем дел од организаторските активностите. Исто така, Институтот за биологија му овозможува на ИДСБ да ги користи лабораториите и библиотеката за потребите на своите активности. Истражувачкото друштво на студенти биолози е организација која се базира на волонтерска работа на студентите и се темели на нивната иницијатива и желба за стекнување со дополнителни знаења за нови биолошки содржини, како и проширување и надополнување на наставната програма на Институот за биологија.

Со оглед на тоа дека членството на друштвото е во постојани измени заради новите генерации на студенти кои се запишуваат на Институтот на биологија, друштвото врши постојана едукација во поглед на теренската истражувачка работа.

ИДСБ има успешно реализирано 16 научно-истражувачки проекти и издадено 3 броја од списанието "Билтен на Истражувачкото друштво на студенти биолози".