ИДСБ досега има организирано 16 научно-истражувачки акции на повеќе планини низ Македонија

 

Реализирани проекти

 

Својата основна цел за едукација на студентите, Истражувачкото друштво на студенти биолози ја остварува, главно преку организирање на истражувачки проекти. Досега се организирани и реализирани 16 истражувачки проекти кои се однесуваат на следните високопланински масиви:

              - Јелак
              -
Три Води
              -
Љуботен
              -
Шарски Води

              - Попова Шапка

              - Пл. дом Чеплес
              -
Караџица

               - Смрдлива Вода
               -
Михајлово


Резултатите од ваквите активности покажаа дека на овој начин студентите успешно навлегуваат во научните проблематики од одделните области. Голем број од студентите кои учествувале на ваквите проекти се сеуште активни членови кои ја поддржуваат работата на ИДСБ.

Како резултат на реализираните активности, во трите публикувани броеви на билтенот на Истражувачкото друштво на студенти билози и други публикации се објавени преку 50 оригинални трудови.

Во рамките на горенаведените активности, членовите на ИДСБ се стекнаа со бројни искуства за организација нанаучно-истражувачки проекти. Многу е важно да се напомене дека е остварена успешна соработка со домашните институции и странски друштва што се занимаваат со слична дејност.