Се известуваат сите членови на ИДСБ  дека конкурсот за учество на повеќедневната акција на Шар Планина - Попова Шапка е во тек од 22 јуни до 2 јули.



Оваа година активностите ке се одвиваат во склоп на проектот "Истражување на биодиверзитетот на централниот масив на Шар Планина", во соработка на ИДСБ со Македонско Еколошко Друштво.
15 дневната активност ке се одвива во периодот на 08 до 23 Јули 2009, а сместувањето ќе биде во планинарскиот дом "Смрека" - Попова Шапка.

Сите заинтересирани можат да се пријават во просториите на ИДСБ секој работен ден од 11-13 часот или своите податоци да ги остават на нашата web-страна или на e-mail-от на ИДСБ - idsbiolozi@yahoo.com
(Име и презиме, e-mail и секција во која сакаат да се приклучат)

Предност при изборот ќе биде даден на апликанти кои досега биле вклучени во работата и теренските акции на ИДСБ и во тековните активности.
 
Резултати од кокнурсот ке бидат објавени на ден 03.07.2009 година, кога ќе се одржи и состанокот со заинтересираните членови и Претседателството.

Поздрав од Претседателството на ИДСБ

 

 


Comments: 0