Критики и пофалби

Овој дел е оставен за критики, пофалби и коментари до web-страната и до работата на ИДСБ

Write a comment

Comments: 9
  • #1

    LAKI (Monday, 23 March 2009 16:50)

    Dobro ako nema kritiki i pofalbi znaci se e vo red ke pocekam uste malku a posle ke pocnam so moite

  • #2

    Dime Melovski (Wednesday, 25 March 2009 11:19)

    Bravo za stranata, redno beshe!
    Ushte ova: probajte da iskopate nekoi postari proekti, akcii i aktivnosti i stavetigi i tie na stranava. Mislam deka ima vo shkavcheto takvi dokumenti. Ne treba mnogu, po eden mal pasus za shto i da najdete. Ako treba pomosh, tuka sum!

  • #3

    Теофил (Tuesday, 28 April 2009 07:56)

    Ајде честито нова страна! Се надевам оваа ќе биде посетена повеќе и ќе биде ажурирана поредовно. Мала забелешка околу дизајнот: некако е многу колажеста, како залепени сликички, некако не фаќа око. И генерално, треба да се смени домејнот. Не иде idsb at jimbo. Регистрирајте idsb.org.mk или нешто. Во најмала рака, може треба да се размисли дали да се стави во рамките на веќе постоечки домејн како оној на ПМФ или МЕД.

    Во секој случај честитки за страната и продолжете да ја подобрувате.

  • #4

    Софче Спасикова (Tuesday, 12 May 2009 08:48)

    Еве пофалба и од мене: сајтот е супер, јас не би менувала ништо, освен можеби фонт кој не е болдиран - вака е малку напорно за читање. Само напред дечки, ИДСБ е организација за која вреди да се чуе и чита надалеку. Честитки!

  • #5

    eci (Wednesday, 20 May 2009 08:36)

    bravo za promenetiot e-mail!!!

    pozdrav

  • #6

    Bene Tleilax (Sunday, 07 June 2009 15:18)

    Поздрав до сите членови на ИДСБ, минати, сегашни и идни.
    Еве ви неколку коментари.
    Ми се допаѓа изгледот на новава страна, не би менувал во работи како фонт, дизајн. Тоа се дел од нечив вкус. Може до бескрај да се натега и пак некој да го смета дизајнот за несоодветен. Ма му нема грешка.
    Гледајќи го менито би рекол сте се обврзале, вие организаторите, на квалитет кој треба ќе биде ниво за идни генерации. Топло би препорачал да се погрижите да сите подстрани бидат исполнети, а не да останат да зјапаат од празнина како на претходната веб страна.
    А за да тој квалитет остане треба менување на постоечкиот домеин. На овој домеин ќе му се случи истото како на претходниот, ќе престанат луѓе да се грижат и ќе го снема. Немора да значи дека нема да има некој да се грижи, туку едноставно, багра, џимдо или идивиди нема да имаат финансиска корист па ќе ги исклучат. Едиинствена опција е домеин под закрила на универзитетот, не пмф, не мед, а во никој случај џимдо или идивиди. idsb.ukim.edu.mk има метузалемски статус. Тоа би повлекло и контакт адресата на ИДСБ да биде под тој домеин. Во мои очи тој домеин му дава углед на ИДСБ кој си го заслужува. Распрашајте се чива подршка ви треба за да се оствари овој предлог.
    Во делот од соработка и спонзорства, мислам дека би било подобро ако составите отворена покана до сите добронамерни организации и луѓе кои сакаат да допринесат кон успешната работа на ИДСБ.
    Во минатото германскиот јазик бил јазик на комуникација меѓу научниците, во иднина можеби ќе е кинескиот, но денес е англискиот. Ве молам направете и англиска верзија на целата веб страна, без исклучоци. Кога можат професорите да бараат да им се преведуват скрипти на македоски, Вие студентите на ИДСБ може да побарате помош од самите студенти за помош при превод.

    Сваќам дека е полесно да се каже од колку да се направи, но овој дел од ИДСБ страната е токму за коментари. Судејќи по досегашните остварени цели, верувам дека ова раководство има капацитет да се фати во костец и со погоре наброените идеи.
    Со почит BT.

  • #7

    Bene Tleilax (Friday, 11 September 2009 03:48)

    http://www.pasteur.fr/ip/easysite/go/03b-00003a-00p/teaching/pasteur-paris-university-international-doctoral-program

  • #8

    dule (Wednesday, 18 November 2009 05:47)

    bravo stranava mnogu podobro izgleda sega ja nemav otvoreno dolgo vreme i daj dopolnete toa slikite infoto sakam da razgledam shto sve imate praveno :)

    pozdrav do drushtvoto i do tie shto se pogrizile za stranava da izgleda vaka

  • #9

    Jovan (Friday, 08 January 2010 12:09)

    Stranava e okey, no i prethodnata ne bese losa! :)

    Bravo, pozdrav