ПРОГРАМА ЗА РАБОТАТА НА ИСТРАЖУВАЧКОТО ДРУШТВО НА СТУДЕНТИ БИОЛОЗИ (ИДСБ) ВО 2009 год.

Зголемување на членството, популаризација и јакнење на капацитетите

 

  1. Презентација на работата на ИДСБ пред студентите од различни години и студиски групи. 
  2. Дополнителни презентации за новите членови и заинтересираните студенти за актуелните активности и проекти кои се одвиваат во Друштвото и нивно активно вклучување.
  3. Подобрување на техничката опременост на  Друштвото

Едукација и истражувачка активност

  1. Организирање на едукативни курсеви за новите членови во Друштвото во рамките на оделни секции.
  2. Партиципација на наши членови на семинари и конгреси на кои ќе се презентираат истражувачките акции на Друштвото.
  3. Аплицирање на конкурси со проекти изработени од Друштвото.
  4. Зголемување на бројот на еднодневни истражувачки акции поради запознавање на новите членови со работата и активностите на ИДСБ ( по можност местото на нивното одржување да се поклопи со повеќедневната летна акција).
  5. Реализација на 16-та летна истражувачка акција во траење од 15 дена. Изборот на учесниците на оваа акција ќе биде направен според досегашната пракса (објавување на конкурс до 10-јуни и селекција на пријавените според предходно утврдени критериуми).

Издавачка активност

  1. Издавање на IV Билтен на ИДСБ.

Соработка

  1. Остварува соработка со други Друштва, во и надвор од Република Македонија, размена на студенти, посета и искуства.