Мамолошка секција

Основна цел на мамолошката секција е да го утврди присуството на оделни видови крупни и ситни цицачи, како и проценка на нивната област на распространување. Истражувањето на фауната на цицачите се спроведува со помош на следниве методи:


  • метод на пронаоѓање и следење на траги по должина на трасект
  • метод на фото-замки
  • детектор за лилјаци и
  • мртволовки и живоловки

Пронаоѓање и следење на траги по должина на трансект е еден од основните методи за утврдување на присуство или отсуство на крупните цицачи. По должината на трансектите се бараат стапки, влакна, измет и други знаци на присуство на крупни цицачи во средината.


Освен овој метод, се употребува и методот на фото-замки. Фото-замката е  составена од аналогна камера поставена во заштитна кутија и поврзана со топлински сензор или сензор за движење кој го активира апаратот во моментот кога животното ке помине.


 Детекторот за лилјаци е уред кој ги регистрира ултразвуците кои ги испуштаат лилјаците и во зависност од фрекфенцијат ана звукот се индетификуваат родовите или видовите на лилјаците.


За истражување на ситните цицачи се употребуваат мртволовки и живоловки, кои се поставуваат на различни локации. Се поставуваат на самрак, а се проверуваат рано наутро. Материјалот се собира и се детерминира.


На крај се подготвува извештај со обработени податоци.



Раководител на секција:

Александар Стојанов

e-mail : ace_stoj@yahoo.com

Comments: 0